Македонски балетски уметници на светски натпревар во Берлин

Од:

Првенците на Македонската опера и балет Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски учествуваат на балетски натпревар на Интернационалниот фестивал „Тancolimp Berlin“ кој се одржува од 31 мај до 3 јуни.

Првпат во рамки на фестивалот се одржува интернационален натревар за професионални кореографи под името „Танцот како универзален јазик“.

– Од 100 натреварувачи во прелиминарниот дел, избрани се 20, меѓу кои и првенците на Македонската опера и балет Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски, кои ќе се претстават со кореографијата на Саша Евтимова „Таа, На него, Јас“, работена според поемата на англискиот поет Томас Харди (She, to him, I), соопшти МОБ.

Почесни гости и оценувачи на натпреварот се реномирани балетски уметници. Балетските играчи ќе имаат можност и да посетат часови во Националната опера и балет Staat Berlin, под раководство на Начо Дуато.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје