Македонски автори на 20. Балканска смотра на млади стрип-автори во Лесковац

Од:

Македонските стрип-автори Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев денеска, на отворањето на тридневната 20-та Балканска смотра на млади стрип-автори во Лесковац, Србија, ќе ја претстават монографијата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ‘Дневник’“.

Стрип-авторот Никола Темков, пак, ќе ги презентира годинашните стрип-публикации во издание на скопски „Стрип квадрат“, меѓу кои и магазинот „Деветка“.

Балканската смотра на млади стрип-автори во Лесковац, најстара и најмасовна стрип-манифестација во регионот, ќе се одржува до 1 јули.

Актуелната македонска стрип-сцена во рамки на смотрата ќе биде претставена и на трибина утре, а покрај спомнатите стрип-автори од Македонија, специјален гостин на манифестацијата ќе биде и Ласко Џуровски.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он