Македонската опера и балет доби нов балетски под

Од:

Македонската опера и балет доби современ балетски под, набавен од познатиот и специјализиран британски производител „Арлекин“ (Harlequin). Инвестицијата од 1,8 милион денари беше планирана со Годишната програма на Министерството за култура за 2013 година.

Од отворањето на објектот на МОБ во 1982, првпат се менува подот за вежбање и настапи на  балетските играчи. Новиот под има 225 метри квадратни  и може да се поставува и во вежбалниците и на главната сцена кога ќе се изведуваат балетските претстави.

– Барањето потекна од самите балетски играчи. Балетскиот под е по сите светски стандарди и го имаат балетските институции во други држави. Подот е составен од две нивоа, со вибрација на горната површина. Лесно се монтира и демонтира  со цел да биде во функција на балетските претстави. За дејноста на балетските играчи е важен токму ваков под и задоволство ми е што успеавме да го набавиме и да го поставиме, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која денеска присуствуваше на вежба на балерините на МОБ.

Уметничкиот директор на Балетот Горан Божинов се заблагодари за инвестицијата од Министерството. – Ваков балетски под имаат сите светски театри. Тој ќе биде специјално изнивелиран за нашата сцена, истакна Божинов, додавајќи дека  повеќе ќе нема повреди на играчите поради дотраеноста и дефомираноста на стариот под.

Со поддршка на Министерството за култура ќе се реализира и  проектот за целосна климатизација на салата и на фоајето на МОБ. Идната недела ќе биде објавен тендер, а инвестицијата за набавка на клима-уреди е околу 12 милиони денари.

Канческа-Милевска информираше и дека со раководството на МОБ денеска разговарале за набавка на нови столчиња во големата сала. Договорено било МОБ да изработи анализа, а Министерството за култура ќе излезе во пресрет и за таа намена да обезбеди средства од буџетот.

Балетот ќе добие и специјални обувки од брендот „Гришко“. – Во август имав состанок со Николај Гришко и очекуваме донација на нов бренд на патики што се уште не е во продажба. Ќе имаме донација од шпиц-патики и меки патики. „Гришко“ најави и дека ќе донира балетска опрема, изјави генералниот директор на МОБ Дејан Прошев.

Покрај редовните претстави од репертоарот, Балетот подготвува и премиера – „Корсар“, која ќе биде изведена на 7 декември.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска