Македонската археологија презентирана на Археолошката берза во Италија

Од:

Македонската Управа за заштита на културното наследство го презентира домашното културно наследство на 19.то издание на Медитеранската берза за археолошки туризам, што се одржува во Пестум, Италија.

Управата е меѓу 100-те изложувачи од 20 држави меѓу кои Малта, Турција, Словачка, Русија, Хрватска, Кипар, Грција, Азербејџан, Русија и Узбекистан.

Саемот, соопшти вечерва Управата, е одлична шанса за промоција на македонската археологија, средновековните цркви и природните реткости особено што на настанот учествуваат луѓе од археолошката фела, а бројот на посетители достигнува и повеќе од десет илијади посетители.

– Република Македонија поседува врвни археолошки локалитети кои бараат лепеза модалитети за нивно активно вклучување во современиот развој на локалните општински заедници. Токму поради тоа ме радува што нашата соработка со грандиозниот собир Медитеранската берза на археолошки туризам во античкиот град Пестум во Италија тече во континуитет и оваа година на нивната 19-та годишнина, а со наше трето учество, се разбира под уставното име Република Македонија, наведува Виктор Лилчиќ Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство.

На саемот се претставени наслови од книжевниот проект „Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Република Македонија“: црквата „Св. Пантелејмон“ во Нерези, Манастир Зрзе, Висока и Старо Бонче, Шарената џамија – Тетово, Скупи, Скопско кале, Стибера, Хераклеја Линкестис и Тетовско Кале. Меѓу нив се и новите изданија, како „Античкото кралство Македонија и Република Македонија“ на проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, Игор Ширтовски, Владимир Атанасов, Виктор Симоновски и Филип Аџиевски, „Св. Ѓорѓи во Курбиново“, „Виничките теракоти“, „Св. Богородица Елеуса во Вељуса“ и „Манастир Матејче“ на проф. д-р Елизабета Димитрова, „Таор“ на Киро Ристов, „Тумба-Маџари“ на д-р Драгиша Здравковски, „Баргала“ на д-р Трајче Нацев, „Манастир Трескавец“ на м-р Александар Василески и „Маркови кули“ – Прилеп на д-р Бранислав Ристески. Сите наслови се на англиски јазик, соопшти Управата за заштита на културното наследство.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска