Македонија на најголемиот саем за танц во светот „Танцмесе”

Од:

Културниот центар „Интерарт“, организаторот на Танц Фест, е дел од најголемиот саем за танц во светот „Танцмесе” во Дизелдорф, кој годинава слави 20 години постоење.

Четири дена, единаесет локации, 60 интернационални компании на сцена, 130 штандови, повеќе од 400 танцови компании од целиот свет, е она што ќе го одбележи годинашниот саем „Танцмесе”.

На македонскиот штанд со летоци, католози и брошури е претставена работата на културниот центар „Интерарт“.

– Навистина ми претставува голема чест поканата од организаторите на оваа престижна манифестација, да бидам гостин и да ја претставам Македонија и активностите кои ги правиме кај нас. Веќе на првиот ден на поставување на штандовите, има голем интерес за сето она што Интерарт го прави во Македонија, посебно за фестивалот Танц фест, како и Интернационалниот натпревар за млади кореографи, DANCELAB SKOPJE, кој за прв пат го организиравме минатата година со голем успех. Се разбира, Скопје танцовата академија и театар, ќе бидат посебно претставени и веќе има заинтересирани студенти од Европа, кои сакаат да дојдат да студираат кај нас. Се на се, веќе на првиот ден од нашиот престој во Дизелдорф, одлична комуникација со светскиот ‘џет сет’ во танцот и одлична промоција на Македонија на највисоко уметничко ниво, вели Рисима Рисимкин, уметничкиот директор на Интерарт.

„Танцмесе“ нуди можност да се продлабочат контактите меѓу танчарите и танцовите компании од светот со цел што поголема промоција на интернационалната сцена. „Танцмесе“ од една страна е класичен саем и место за средба со уметници, продуценти, менаџери, а од друга страна е танцов фестивал, кој нуди можност да се доживее цела низа на современиот танц, преку многу танцови компании.

Следното издание на фестивалот е за две години.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска