Маџиров на Меѓународни поетски средби во Белград

Од:

Поетот Никола Маџиров ќе учествува на Меѓународни поетски средби во Белград во организација на Белградскиот центар за култура.

Мото на средбите е „Чуму поезија”, а фокусот е на современата европска поезија.

Настанот ќе почне утре, по повод одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и, покрај читања, ќе се разговара и за сложениот однос меѓу поезијата и медиумите.

Ќе учествуваат и поети од Австрија, Шпанија, Летонија, Полска, Ирска, Чешка, Франција и од други земји.

Во Балтимор, САД, пак, денеска ќе биде отворена изложба „Дом – Проект 837” која вклучува слики, фотографии и поезија од уметници од речиси сите страни на светот. Маџиров е претставен со неколку песни кои го отвораат прашањето на домот и современото номадство.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“