[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Портрет на една од љубовничките на Пабло Пикасо, наречен „Жена седната до прозорец“, ќе биде продадена на аукција за импресионистичка и модерна уметност во Сотеби во Лондон.
„Жена седната до прозорец“, слика од Мари Тереза Волтер позната како „златната муза“ на Пикасо, се очекува да достигне цена околу 68 милиони долари.
Двојката, Пикасо и Мари, имаа стравствена врска во 1927 откако се сретнаа во Париз. Мари тогаш имала 17 година, а Пикасо имал 45 години и сеуште живеел со својата прва жена, Олга Коклова.
Тие заедно имале и ќерка, Маја, но нивната врска завршила откако Пикасо започнал врска со Дора Мар, надреалистична фотографка и артистка.