Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

Од:

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в. д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид и изјави дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години.

Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам.

„Ќе развиеме програма со многу културни и едукативни содржини и ќе го промовираме Охрид како Сесловенски духовен културен центар“, изјави Љутков при денешната посета на Музејот на вода.

Тој потенцираше дека за почеток ќе се обезбеди доекипирање и подобри услови за работа на вработените, со цел нормално функционирање на музејскиот комплекс, потоа ќе се изврши реконструкција и модернизација на оштетениот систем за наводнување кој во моментов не е во функција.

„Ќе се преземат и активности за повторно ставање во употреба на терасата пред музејската зграда, со што би се овозможил пријатен престој на посетителите и уживање во глетката кон наколната населба“, изјави министерот за култура и туризам, истакнувајќи дека санацијата на комплексот ќе продолжи и следната година, кога ќе се изврши санација на платформата на наколната населба и на покривите од колибите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од работно време да изготвуваат плата, спротивно на Колективниот договор

А1он

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Министерот Љутков им се извини на вработените во културата поради платата што доцни

А1он