Министерот Љутков им се извини на вработените во културата поради платата што доцни

Од:

„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи – платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници“.

Ова меѓу другото на Фејсбук го напиша министерот за култура и туризам Зоран Љутков до вработените во културата кои се пожалија дека не ги земаа платите за март до законскиот рок – 15 април.

„Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне на време. Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што пак секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа за жал, доведе до доцнење со исплатата. Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате. Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“ – посочи министерот Љутков.

Би можело да ве интересира

Љутков од Нови Сад: Јубилејот за Македонците во Војводина има историско и културно значење

Љутков: Нема укинување, туку реорганизација на културните институции

А1он

(ВИДЕО) Љутков тврди: Не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

А1он

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он