„Љубовници“ на Катерина Коцевска премиерно во Драмски

Од:

Во Драмски театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Љубовници“ по текст и во режија на Катерина Коцевска.

Станува збор за современа, урбана љубовна приказна меѓу гинеколог, адвокат и нивните сопруги. Не е дозволена за помлади од 16 години, може да ја гледа само повозрасната публика.

Играат Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов – Дац и Маја Вељковиќ Пановска. Сценографијата е на Филип Гуолевски, а за костимите се погрижи Раде Василев.

„Љубовници“ е напишана во 2009 година и не е прв текст на Коцевска.

Како што информира Драмски, претставата е копродукциска и ќе биде ставена на редовниот репертоар на театарот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ