„Лисистрата“ – премиера на „Театар Комедија“

Од:

„Театар Комедија“ в недела премиерно ќе ја изведе претставата „Лисистрата״ од Аристофан во режија на Наташа Поплавска.

Драмата ја носи приказната на Атињанката Лисистрата која умее да ја препознае силата на жената која со векови одлучила да остане покорна и од сферата на најдлабоката приватност ќе ја извлече интимата и сексот како оружје кое ќе и зададе удар на целата олигархија.

– Аристофановата „Лисистрата” напишана во 411 година пред нашата ера не престанува да го буди љубопитството на режисерите, кои одново и одново нудат нови читања, нови поставки на сите светски сцени, секоја посебна и исклучителна на свој начин, а на сите сепак заедничка им останува неговата универзална вредност… Читањето на режисерката Наташа Поплавска ќе отиде и чекор потаму, прикажувајќи ја важноста на мажот и жената како целина – подеднакво важна и витална за опстанокот на општеството само по себе, соопшти „Театар Комедија“ за претстојната премиера.

– Одличната подела на улогите во која освен извонредна глума ќе чуеме и пеење, ќе видиме и играње, костимите на Елена Лука што совршено ја надополнуваат сликата, сценографијата на Емил Петров – визуелно чиста и прецизна, музиката на Огнен Анастасовски која е толку вклопена како да е самата срцебиењето на претставата, навидум лесна, а всушност комплексна, со точна мера кореографија на Олга Панго, секој поединечен и сиот заеднички труд, прават претстава вредна да се изгледа, посочува театарот.

Насловната улога ќе ја игра Јелена Жугиќ, а во екипата се и: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Едмонд Сотир, Нина Деан, Жарко Димоски, Зорица Нушева, Илија Илиоски, Кристина Ласовска и Валентин Костадиновски.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје