(ВИДЕО) Лилиќ за Билјана Беличанец: Прв те дочекав на оваа сцена и прв те испратив од оваа сцена

Од:

Бескрајно талентирана, ѕвер од човек. Многу те сакаме сите. И кога не беше на некои претстави, постојано те споменувавме, со овие зборови актерот Дејан Лилиќ се прости од неговата колешка Билјана Беличанец, која почина во неделата.

„Биле моја, кога дојде од Прилеп во Драмски театар, јас те пречекав на оваа сцена. Игравме заедно во ‘Заводникот од западниот свет’. Еве Биле, сега јас прв те испраќам од оваа сцена. Не е фер, оти требаше уште долго да работиме. Билјана, ти никогаш нема да бидеш во минато време, туку овде присутна во сегашно време. Оние кои добро те познаваат Биле, знаат дека си огромен човек, со огромно срце и душа, за себе и сите нас. Несебично ни помагаше и на сцена и во приватниот живот. Кажав еднаш и ќе кажам пак. Никогаш не играше и не глумеше на сцена, ти живееше овде. Бескрајно талентирана, ѕвер од актер и ангел од човек. Многу те сакаме сите. Секогаш ќе биде присутна. Нека ти е лесна земја, Бог да те прости и вечна ти слава. Твоето име нема никогаш да згасне”, рече Лилиќ на комеморацијата за Беличанец што се одржува во Драмскиот театар на која присуствуваат нејзини колеги и членови од семејството.

На почетокот на комеморацијата се емитуваа инсерти од претстави во кои глумеше и Беличанец.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода го санира Домот за култура “Билјана Беличанец”

Ќе се санира Домот на културата „Билјана Беличанец” во Кисела Вода

(ВИДЕО) Конеска на комеморацијата за Беличанец: Ѕвони твојот глас, во секоја улога, во театар, телевизија, радио

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дац за Беличанец: Аурата на драмскиот театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука со нас

Ана Ололовска

Ден на жалост во Општина Кисела Вода поради смртта на Беличанец

Ана Ололовска

Комеморација за актерката Билјана Беличанец во Драмски театар

Ана Ололовска