(ВИДЕО) Конеска на комеморацијата за Беличанец: Ѕвони твојот глас, во секоја улога, во театар, телевизија, радио

Ѕвони твојот глас, во секоја улога, во театар, телевизија, радио. Ѕвони во секоја песна, надсинхронизација. Некој те гали како мајка, а кога треба и безмислосно те мрази, рече Снежана Конеска Руси на комеморацијата за актерката Билјана Беличанец што се одржа во Драмскиот театар.

„Не знам како доаѓа период, кога јас станува твој родител или твој учител. Можеби те учам како да газиш по трнливиот пат, прекриен со трња, но со слава и тага, падови и успеси. Време на учење, практикување, созревање. И еден ден бараш совет за твоето вработување. Да, ти велам. Оди во Прилеп, а за потоа да дојдеш во Скопје на голема порта, со големи ѕвона. И бидна така. Ѕвони твојот глас, во секоја улога, во театар, телевизија, радио. Ѕвони во секоја песна, надсинхронизација. Некој те гали како мајка, а кога треба и безмислосно те мрази. Имам три прашања: Дали ќе го чекаме Годо? Јас Зорица, Сашо, сеуште чекаме од оваа страна а ти од онаа. Дали ќе ми ја дораскажеш приказната за новата театарска драма. Моливот мој отапен, а твоите идеи не пресушуваат и не можам да стасам да ја допишам. Поезијата, песните, книгата? Ми ги читаш стиховите, чекаме да биде промоцијата. Јас сакам да ги читам твоите песни, но мислам дека тоа ќе го стириш ти подоборо од мене. Твојот учител, Снешка, те поздравува, ти се поклонува. Ти се заблагодарува за миговите минати заедно на сцена, вон сцена. Многу те мислам. Јас те чекам или чекај ме. Те сакам“, рече актерката.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дац за Беличанец: Аурата на драмскиот театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука со нас

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лилиќ за Билјана Беличанец: Прв те дочекав на оваа сцена и прв те испратив од оваа сцена

Ана Ололовска

Ден на жалост во Општина Кисела Вода поради смртта на Беличанец

Ана Ололовска

Комеморација за актерката Билјана Беличанец во Драмски театар

Ана Ололовска

Сочувство од Иванов по повод смртта на актерката Билјана Беличанец

Ана Ололовска

Општина Кисела Вода ќе одржи комеморација за Беличанец в понеделник

Ана Ололовска