Ликовните творци од Романија најдобри на „Мал битолски Монмартр“

Од:

Младите ликовни творци од Асоцијацијата за култура „Арте“ -Патра Неамт од Романија се прогласени за најуспешни учесници на годинешното 32-издание на меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“.

На денешната завршна прес-конференција во Битола, раководителот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, Коста Хаџиантоновски соопшти дека кај меѓународното стручно жири најголем впечаток оставил тимот предводен од ликовниот уметник Кристина Петрариу од Романија.

– Извонредни, ретки, оригинални и непроценливи детски творби. Тоа е епилогот од годинешната колонија на која наградата за најдобра колекција им припадна на младите ликовни творци од асоцијацијата за култура „Арте Ро“. Доделивме и две најгради за најдобри поединци кои им припаднаа на Бензан Муруна од Романија и на Самет Алтан од Трабзон, Турција, додека за најмлад учесник беше прогласен Абделсамун Мустафа од Египет, истакна Хаџиантновски.

Според востановената традиција, освен организаторот награди за дел од учесниците додели и Здружението на занаетчиите од Битола чии претставници ги поздравија 70-те учесници од сите меридијани на светот кои допатуваа во Македонија и освен во градот домаќин престојуваа во Охрид и Крушево.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска