Ликовни работилници и концерт во рамки на „Крушевска одаја“

Од:

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје по повод Илинден деновиве го реализира проектот „Крушевска одаја“ чија цел е зачувување на културните вредности.

Проектот почна во 2001 година и традиционално е вклучен во официјалната програма на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“, но се реализира како самостојна манифестација организирана од здружението АН-БЛОК.

Оваа година „Крушевска одаја“ од 31 јули до 3 август опфаќа уметнички работилници и изложби на Владимир Чулев, Васил Чулев и Живко Поповски-Цветин, како и концерт на виолинистката Пламенка Трајковска.

Плакета „Цвеќе што не венее“ од работилница што вчера се одржа во Градскиот парк му беше посветена на претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Ликовна работилница се одржа и за време на крводарителската акција во Меморијалниот центар „Тоше Проески“.

Уметникот Живко Поповски-Цветин, кој ја води мисијата „Цвеќето на мирот“, подари 114 цветни творби со кои симболично се одбележани 114 години од Илинденското востание. Првата изработена творба Цветин му ја подари на Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево и претседател на Советот на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

Оганизатор на настаните од проектот „Крушевска одаја“ е Поликсена Илиоска, претседател на Здружението АН-БЛОК, а манифестацијата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска