Ликовна работилница „Цветна патека на мирот“ посветена на учениците, родителите и наставниците, денеска се одржа во основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.
На работилницата со учениците од шесто одделение гостин беше познатиот македонски сликар, хуманист и миротворец Живко А. Поповски – Цветин, кој ја промовираше неговата најнова слика „Цветна патека на мирот“ долга 36,13 метри и широка 10,5 сантиметри.
Досега Поповски има подарено над 45.000 слики (кои заедно се долги 90 км), а ги подарил за ширење на мисијата на мирот и хуманоста во светот. Во изминатите 30 години има организирано над 200 изложби и ликовни работилници во основните училишта во Македонија, ширејќи ја пораката за мир, хуманост, разбирање, соживот меѓу учениците, нивните родители и учителите.