Ликовна изложба на Јулија Поциуте и Владимир Илиевски

Од:

Во рамки на европскиот проект CreArt под покровителство на Град Скопје во Изложбениот салон – Империјал 1 при ЈУ КИЦ – Скопје денеска ќе биде отворена ликовна изложба на Јулија Поциуте (Литванија) и Владимир Илиевски (РС Македонија). Куратор е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски. Изложбата ќе биде отворена до 6 јули 2021 година.

Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија. Завршува ликовна академија во Вилнус ( Литванија) во 2007 год. Јулија организира повеќе самостојни изложби во Литванија и надвор од неа (Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија и др.) Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.

Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 год. отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски. Илиевски досега има реализиеано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 год.

Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска