Ликовна изложба „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“

Од:

Во галеријата на Детскиот ликовен центар во Кинотеката на Македонија денеска ќе биде отворена изложба на која ќе бидат презнтирани наградените ликовни творби на конкурсот „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“.

На изложбата ќе бидат претставени 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели.Поради КОВИД-пандемијата и за заштита на здравјето на децата и наставниците, нејзиното отворање ќе биде онлајн.

На конкурсот за прво место се наградени учениците: Павел Милановски – ООУ,,Кочо Рацин“ Куманово, Герардо Сиљаноски – ООУ,,Коста Рацин“ Брвеница, Ива Затенко – СУГС ,,Никола Карев“ Скопје, Михаил Ламбевски – ООУ „Братство“ Скопје, Сара Цветкова – ООУ,,Мирче Ацев“ Скопје, Сара Цветановска – ООУ,,Невена Георгиева Дуња“ Скопје, Џерен Нуредин – ООУ,,Тефејјуз“ Скопје, Бојана Цветковска – ООУ,,Његош“ Колонија Идризово и Мила Величковска – ООУ,,Гоце Делчев“ Илинден.

За второ место се наградени учениците: Ана Марија Трајковска – СУГС „Марија Кири Склодовска“, Кристина Матеева – СУГС „Никола Карев“ Скопје, Анастасија Спасевска – ООУ,,Кочо Рацин“ Куманово, Ана Манчева – ООУ,,Братство“ Скопје, Мелани Козарева – ООУ,,Кирил и Методиј“ Стајковци, Нина Зикова – ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош“ Скопје, Ива Богдановиќ – ООУ,,Толи Зордумис“ Куманово, Михаела Акимоска – ООУ „Гоце Делчев“ Центар, Скопје и Сашка Билбиловска – ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ Гостивар.

Наградени ученици со дипломи за трето место се: Ива Јакимовска – ООУ,,Коле Неделковски“-Скопје, Драгана Златева – СУГС,,Марија Кири-Склодовска“ Скопје, Марија Гичевска – ООУ,,Дане Крапчев“-Скопје, Ерика Ива Јаковлевска – ООУ ,,Христијан Т. Карпош“ – Скопје, Илина Кузмановска – ООУ ,,Димитар Поп Георгиев-Беровски“-Скопје, Карма Менко – ООУ,,Вера Циривири-Трена“-Скопје, Марија Бошкоска – СУГС,,Никола Карев“-Скопје, Марија Димитровска – ООУ „Христијан Т. Карпош“, Теа Анчовска – ООУ,,Кирили и Методиј“- Стајковци, Петар Илоски – ООУ,,Кочо Рацин“ – Охрид и Влера Чиче – ООУ „Хасан Приштина“ Чаир, Скопје.

Организатори на изложбата се Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Детскиот ликовен центар.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска