Ликовен конкурс на тема „Книга и чај“

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, како организатори на традиционалната културна манифестација Фестивал на чајот и читањето, распишаа Конкурс за ликовни дела на тема „Книга и чај“.

Сите автори од Македонија и од странство имаат право да пратат неограничен број свои дела на оваа тема во  кој било формат и во која било ликовна техника, а ќе бидат изложени на претстојниот Фестивал на чајот и читањето кој ќе се одржува од 4 февруари до 8 март во Културниот центар „Феникс“ во Скопје.

Најдобрите ликовни дела и автори ќе бидат наградени, а нивните ликовни дела ќе бидат презентирани на специјална изложба „Книга и чај“.

Ликовните дела, заедно со куса биографија за авторите, треба да се испраќаат на адреса: Издавачка куќа Феникс, ул.Костурски херои бр.35, 1000 Скопје, Република Македонија. Трудовите не се враќаат, а нив ќе ги разгледа и за наградите ќе одлучи посебна жири-комисија. Конкурсот трае до 15 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска