Македонското Монтесори здружение од денеска ги започнува шестнеделните летни работилници за деца на возраст од 4 до 10 години. Проектот наречен „Градина на бои – допри ја уметноста“ е во соработка со Музејот на современа уметност и е поддржан од Министерството за култура.
Програмата за Монтесори летните работилници предвидува високо квалификувани професионалци да ги развиваат практичните вештини кај децата. Тимот од Монтесори педагози на децата ќе им пренесат академско знаење, како и развивање на детската независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.
Програмата ќе се реализира во соработка со ликовен педагог и музејски кустос и се предвидува завршна изложба на делата на децата во Музејот за современа уметност.