Кумановскиот Центар за култура објави повик за учество на „Самоуки 2018“

Од:

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика неакадемските уметници од Куманово да учествуваат со три дела по свој избор на традиционалната изложба „Самоуки“. Право на учество имаат неакадемските уметници кои ќе треба да достават свои дела најдоцна до први јуни годинава.

Стручна комисија ќе ги оцени делата кои ќе бидат дел од традиционалната изложба која годинава ќе се одржи во на 14 јуни во кумановскиот центар за култура.

Традиционалната ликовна изложба „Самоуки“, повторно по неколкугодишна пауза ќе биде дел од годишната програма на Центарот за култура. Последен пат изложбата беше реализирана во 2012 година.

Во изминатите години на излжбата учестваа околу дваесетина автори со приближноп 40-тина дела. Освен во Куманово, неакадемските уметници ги презенираат своите дела и во други градови од државата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска