Центарот за култура во Куманово го прослави патрониот празник

Од:

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово синоќа го прослави својот патронен празник, 108 години од раѓањето на композиторот Трајко Прокопиев.

По тој повод концерт одржаа сопранот Гонца Богоромова-Краповски, тенорот Влатко Груевски и Андреј Нунов на пијано, кои изведоа дела од Прокопиев, Зографски, Скаловски, Куртис и други.

– Чест ни е што го носиме името на македонскиот композитор. Продолжуваме успешно да ја реализираме програмата и во наредниот период. Што се однесува до подобрување на условите за работа, планираме реновирање на театарот и ќе направиме напори за затоплување на установата, истакна директорот, на НУЦК, Роберт Цветковски.

Македонскиот композитор Трајко Прокопиев роден е на 6 ноември 1909 година во Куманово. По дипломирањето на музичката школа во Белград го продолжува школувањето на Прашкиот конзерваториум. Работи како композитор и диригент. Добитник е на повеќе награди меѓу нив и Октомвриската награда на Република Македонија за животно дело, а со хорот „Кочо Рацин“ првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија. Остварува богато петдецениското творештво, компонирајќи вредни дела, хорски композиции, балет, антологиски опери, филмски музички дела, камерни композиции, базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони