Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд со над 2.000 книги

Од:

Книжниот фонд на библиотеката „Тане Георгиевски“ е збогатен со нови 656 наслови или вкупно 2.176 книги. Набавката е извршена кон крајот на претходната година, а книгите се набавени од 14 различни издавачки куќи.

– Набавени се дела на македонски, албански, српски, но и се попопуларните на англиски јазик се дел од најновата набавка на кумановската библиотека за која се издвоени вкупно 733.000 денари. Книгите се во обработка и многу скоро ќе им бидат достапни на корисниците, изјави директорот на библиотеката Марјан Петковски.

Библиотеката на годишно ниво спроведува неколку набавки на книги. На пролет се збогатува книжниот фонд со белетристика, по што следува набавка на лектирни изданија, а кон крајот на годината се набавува белетристика.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска