Културниот центар „Кула“ ја поддржува Автономната зона

Од:

„Поради вонредните настани кои ги засегаат образовните реформи во државава, „Кула“  ја поместува својата програма во сабота, за да го поддржи „Студентскиот пленум“. Понесени од жарот и страста на групата која го окупираше УКИМ, младите уметници кои го анимираат културниот програм во „Кула“ се придружуваат на „Автономната зона“ .

Сметаме дека е есенцијално да се делува веднаш, со цел будење на целокупната прогресивна младина. Неопходно е да се ангажираме околу прашањата кои не засегаат во овој витален сектор. Студентите се движечкото ткиво на едно општество и она што се случува во моментов е од огромно значење за подигнување на културната свест. Како и уметноста, ова движење е трансформативно, автентично и што е најбитно се оградува од секакви партиски и религиски определби. Наоѓајќи сличности во взаемните идеали, „Кула“ ќе го поддржи ова движење со групна изложба, работилница и проекција на видеа.

avtonomnaZOnaF (4)

Уметничкиот колектив „Кула“ ја започнува својата приказна во октомври 2013 година, во еден распаднат ан во Старата Чаршија. Трансформирајќи го просторот во комплекс од неколку атељеа, тие ентузијастички го започнуваат својот креативен активизам. Синхроноста во нивното поединечно творење, ненаметливо прераснува во едно спонтано групно делување. По солидарното напуштање на чаршискиот простор и неуспешната потрага на слично место, го создаваат културниот центар „Кула“. Досега имаат реализирано околу пет групни изложби, од кои една е од хуманитарен карактер. Имено, овој колектив е отворен за соработка со поединци, здруженија и организации, поттикнува и поддржува слични иницијативи. Тие настојуваат непосредно да влијаат во културно-уметничките активности кои го движат пулсот на нашиот град.

avtonomnaZOnaF (3)

„Студентскиот пленум“ настанува по иницијатива на студенти од Филолошкиот и Филозофскиот факултет. Имено, по проекција на еден филм и последователната дискусија, се доаѓа до идејата за формирање на платформа за одбрана на студентските права. На првиот собир пред платото на Уким се појавуваат 150 студенти, а таа цифа интензивно расте во текот на следните протести. Сега „Студентскиот пленум“ брои девет интерни гранки на Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот и техничките факултети. На 11 февруари ова тело поддржано од „Професорскиот пленум“ и мноштво други поединци го окупираше УКИМ, прогласувајќи Автономна зона. Покрај суштинската причина за протест: промена на законот за високо образование, референтска точка во студентското самоорганизирање е автономност на универзитетскиот систем и активно учество на Студентскиот и Професорскиот пленум во сите реформи на виското образование.

avtonomnaZOnaF (2)

Ве покануваме да ни се придружите на третиот ден од окупацијата на УКИМ, во име на знаење, слобода и вистина“, се вели во соопштението на Кула.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање