Со културни настани ќе заживее запуштениот Споменик на слободата во Кочани

Од:

Во наредните три дена Споменикот на слободата во Кочани ќе биде центар на културните настани, како дел од заложбата на локалната самоуправа со повеќе различни содржини да го заживее просторот што со години е запуштен.

За вечерва е закажан младински форум на кој преку дебата со претставници од општината и со експерти во младинските политики, младите ќе дискутираат за тоа како членството на Република Македонија во ЕУ ќе придонесе за унапредување на можностите на младите луѓе во Кочани во поглед на образованието, вработувањето, културниот и социјалниот живот, инклузивноста и учество во демократските процеси на локално ниво.

– Дебатата ја организираме во соработка со германската фондација „Фридрих Еберт“, како дел од Фридом мјузик фестивалот што ќе се одржи в сабота и недела. Очекуваме младите да ја збогатат програмата и со лични идеи и ставови да придонесат тие да го добијат вистинското место во социоекономските и општествените процеси, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во рамки на фестивалот в сабота и недела на локацијата на Споменикот ќе се одржи техно-забава со настап на познати диџеи од земјата и странство.

За в понеделник, на истата локација ќе биде прикажана театарската претстава „Солун, град на духови“, работена по текст на Русомир Богдановски, инспирирана од истоимената книга на Марк Мазовер, а во режија на Слободан Унковски.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена