Во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба на Душан Пејчев „Културен анималитет“. Изложбата се реализира по повод наградата „Борко Лазески“ која авторот ја доби во 2013 година.
Музејот на град Скопје секоја година организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е младиот Душан Пејчев.
На својата прва самостојна изложба во Музејот на град Скопје Пејчев се претставува со пет дела во големи димензии кои го формираат неговиот проект насловен „Културен анималитет“.