Култура одговара на прозивките за одложениот „OFFest“: Навреме го доставивме договорот, не сме ние криви

Од:

Договорот за учество во финансирањето на „OFFest“ е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки, информира Министерството за култура.

Организаторот денеска тврдеше дека за првпат во дваесетгодишното постоење на фестивалот, се случува тој да мора да биде одложен поради неажурност на Министерството, од каде според одговорните во Скопски џез фестивал, не го испратиле навреме договорот, а поради тоа не бил навреме исплатен неопходниот аванс.

-Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура, велат од Министерството во реакција за одложувањето на „OFFest“ од јуни за ноември.

Оттаму посочуваат дека имаат разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните.

-Впрочем, како што се случи и минатата година со „OFFest“, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализација на проектот, потенцираат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел