Јубилејниот 20-ти „OFFest“ одложен за ноември, организаторот го обвини Министерството за култура

Од:

Годинешното, јубилејно 20-то издание на фестивалот OFFest нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава, соопштија организаторите, додавајќи дека eдинствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од страна на Министерството за култура.

-Ова е прв ваков случај во историјата на OFFest, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на OFFest се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од Скопски Џез Фестивал.

Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, се посочува, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамки на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм “The Art of Amália”, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ