Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Од:

Писателката Кристина Краличин со поемата „На работ на хоризонтот“ преведена на италијански јазик (“Ai Confini dell’Orizzonte”) ја доби првата награда на осмото издание на Меѓународниот конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia” 2022/2023.

Краличин ја доби наградата во категоријата „International“, во конкуренција од стотици испратени поеми од целиот свет. За изборот ангажирани беа две нивоа на жири-комисии со лингвисти и поети од повеќе земји во светот.

Второто место и припадна на поетеса од Украина, а третото на поет од Белорусија. Меѓу пофалените во оваа категорија на учесници од целиот свет има дела од поети и поетеси од Бразил, Јужна Кореа, Полска, Албанија, Украина, Зимбабве и Филипини.

Конкурсот е организиран под покровителство на министерот за култура на Италија. Наградите ќе бидат свечено врачени на пролет следната година во Каникати, Сицилија.

Поетскиот конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ почна да се реализира во 2016 година на иницијатива на порталот „Accademia del Parnaso Canicattinese“, претставен од Алфонсо Месина, од семејството Ла Векија и во организација на здружението за култура Мета, чиј претседател е проф. Калоџеро Ла Векија.

Основната цел на конкурсот е да се запамети и да се прослави вклучувањето на познатите книжевници и писатели во редовите на своите членови, како што се Луиџи Пирандело, Марта Аба, Леонардо Шаша, Бен Газара и други, како и да се потсети на ликот и делото на Анџело Ла Векија (1920-1998), писател, есеист, драматург од Каникати, Сицилија кој напишал над 70 драми, раскази за деца, критички есеи и историски монографии.

Другата цел за постоењето на овој конкурс е да се шири културата на поезијата која претставува универзален јазик кој не познава бариери и граници.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ