Кратки филмови снимени со мобилен телефон на 7. „Мобил фестивал“

Од:

Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде отворен седмиот фестивал за снимање краток филм со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.

Ќе бидат прикажани дваесетина филмови кои пристигнале на повикот за учество кој беше отворен еден месец. Филмовите се од македонски, но и од автори од соседни земји.

Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева-Лале“, која се состои во стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА. Ќе бидат доделени и награди за оригинална идеја, најиновативен филм и приказна.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ