„Корумпирани пејзажи“ – изложба на Оливер Мусовиќ

Од:

Самостојна изложба на Оливер Мусовиќ насловена „Корумпирани пејзажи“ ќе биде отворена вечер во 20 часот во Мобилна/монтажна галерија на Центарот за современа уметност во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

Мусовиќ на изложбата ќе претстави неколку нови, досега неизложувани дела / фотографски серии кои откриваат просторни практики на корупцијата и корозија на економскиот и граѓанскиот ред во Македонија – нелегална градба, корупција во градежништвото.

Мусовиќ истакнува дека со претставување на тие предели сака да направи јасна врска помеѓу конкурентните интереси и мрежите на моќ кои овозможуваат да надвладее посебен интерес во просторните политики.

– Пејзажот денес е социјален конструкт, на кој човекот влијае и го менува со изградба, па така станува поле на постојан конфликт и компромис помеѓу она што е зададено и ограничено од страна на општиот интерес преку разните нивоа регулација и приватните интереси кои се обидуваат ја зголемат својата сфера и да ги изиграат зададените правила. Во таа борба на интереси се создава еден зачуден простор кој е и познат и туѓ во исто време, простор кој има нивоа на значење кои не се секогаш сфатливи, вели Мусовиќ.

Оливер Мусовиќ (Скопје, 1971) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1997, каде што и магистрирал во 2004. Самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија и Црна Гора. Учествувал на бројни групни графички изложби и изложби на современа уметност низ целиот свет. Учествувал и на неколку резиденцијални престои во Кореја, САД, Франција и Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски