Коронавирусот ги откажува Виенските балови

Од:

Пандемијата на коронавирусот претставува удар и за сезоната на балови во Виена, Австрија. Организаторите најавија откажување на голем дел од свеченостите.

Така, според Комитетот на традиционалните виенски балови, нема да се одржат Балот на лекари, Балот на правници, Балот на офицери, Конкордија бал и Балот на фармацијата.

„Сè додека бројот на новозаразени лица е голем, нема брзи и поволни тестови или вакцини, организирањето балови не е одговорно однесување“, се наведува во соопштението.

Патем, овие свечености претставуваат и важен економски фактор. Само минатата година, според проценката на австриската Стопанска комора, околу 520.000 посетители на баловите оствариле промет од 151 милион евра.

Засега, сè уште не се знае дали ќе се одржи Виенскиот оперски бал, бидејќи Операта сè уште не одлучила за тоа.

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он