Кореографката Шукарова на Американската платформа за современ танц во Њујорк

Од:

Кореографката Искра Шукарова учествува на Американската платформа за современ танц што се одржува во Њујорк од 11-ти до 18 јануари. Секоја година на платформата учествуваат и своите дела ги презентираат познати американски кореографи.

Шукарова е поканета од театарот „Њујорк лајв артс“, со кој во 2007-та има соработувано со копродукцијата Page out of Оrder на кореографката Јошико Чума од САД и „Локомотива“ од Македонија, и преку уметничката резиденција во текот на 2011 година.

Македонската кореографка денеска и утре ќе учествува на конференција на која ќе се дискутира за соработките реализирани со САД, преку фондацијата Suite Case Fund, која повеќепати досега ја има поддржано Шукарова. На конференцијата ќе учествуваат партнерите од Источна и Централна Европа, како и претставници од Африка и Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ