Конзерваторите ќе ја утврдуваат штетата на муралот на Лазовски

Од:

Министерството за култура ќе  информира за мерките што ќе ги преземе за обнова на муралот на Борко Лазовски во опожарената Македонска пошта откако стручен тим на Конзерваторскиот центар – Скопје ќе изврши увид и ќе ја утврди  состојбата на уметничкото дело.

– Деновиве во зградата на Македонска пошта се врши увид од страна на истражните органи за утврдување на причините за пожарот и поради тоа влезот во објектот е забранет. Во меѓувреме, Конзерваторски центар – Скопје упати барање до управата на Македонска пошта да му овозможи влез во објектот на стручниот тим за да ја утврди состојбата на уметничкото дело, информира Министерството за култура.

Откако ќе добие дозвола за увид од управата на Македонска пошта, тимот треба да го утврди степенот на оштетување и да предложи превентивни мерки за заштита на муралот, кој се смета за монументално дело на доајенот на македонското сликарство Борко Лазовски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ