Конзервација на црквата „Св. Никола“ во сeло Манастир

Од:

Со поддршка од Министерството за култура продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св.Никола“ во село Манастир, Мариово, која е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период.

– Заради адекватна заштита и презентација на овој значаен споменик на културата од 11 до 13 век, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во изминатиот период изработија опсежна студија за конзерваторско-реставраторските зафати на фрескоживописот и за архитектурата на објектот. Во рамките на заштитата  интензивно се работи на конзервација на фрескоживописот, како и на конструктивна консолидација на темелите при што ќе се извршат и археолошки истражувања на црквата „Св. Никола“, соопшти денеска Министерството за култура.

Црквата „Св. Никола“ во селото Манастир е подигната  во  1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, претставува трикорабна базилика и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период кој  содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Ваквиот тип сликарство, како што истакнуваат од Министерството за култура, кој е многу редок, е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.

Според археолозите, историјата на манастирот се дели на две етапи. Во првата е конституиран монашкиот живот, а во втората од крајот на 14 и почеток на 15 век, манастирот прераснал во развиен цивилизациски, економски, културен и духовен центар на Мариово.

Би можело да ве интересира

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале