Конзервација и реконструкција на влезната партија на Тетовското Kале

Од:

Годинава планирана е реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над градот Тетово, Тетовското Кале или уште познато како Балтепе, проект поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Проектот, соопшти Министерството за култура, го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, а конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На Тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања кои што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот Македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од ќерамички садови, како и бројни предмети карактеристични за Османлиското време.

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска