Конзервација и реконструкција на театарот во Стоби

Од:

Заврши втората фаза од проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на источната половина од гледалиштето на римскиот театар на локалитетот Стоби, кај Градско, соопшти денеска Министерството за култура.

Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година.

– Паралелно со конзервацијата се одвиваа и археолошки ископувања со што беа добиени значајни податоци за изградбата на објектот, за неговото функционирање во текот на 1 и 3 век, како и за подоцнежното користење на просторот откако театарот не бил во употреба. Театарот престанал да функционира кон крајот на 4 век, по што започнало користењето на неговите ѕидови и коридори во рамките на новите доцноантички градби кои биле подигнати на овој простор, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Театарот во Стоби започнал да се гради кон крајот на 1 век од н.е., но бил целосно завршен во првата половина на 2 век од н.е. Поради дијаметарот од близу 90 метри, капацитетот за 7.600 гледачи и високиот степен на зачуваност, објектот се вбројува во редот на најзначајните и секако, најграндиозните споменици на римската архитектура на територијата на некогашната провинција Македонија. Проектот за конзервација на театарот беше финансиран преку Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска