Конкурсот за поетската награда „Антево перо“ влегува во завршната фаза

Од:

До завршувањето на Конкурсот за престижната поетска награда „Антево перо“, која се доделува за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, преостануваат уште десетина дена.

Наградата востановена во чест на творештвото на Анте Поповски се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик, а според организаторите конкурсот и годинава предизвикува и побуди добар одглас, кој се очекува да резултира и да ја збогати македонската продукција со повеќе нови, но што е уште позначајно, со поквалитетни и поуверливи поетски творечки наслови и дострели. Идентично како и во изминатите години, жири-комисијата со задоволство ги евидентира пристигнатите дела од поетите од сите генерации, што само по себе значи дека и овој пат во целост е исполнета замислата со конкурсот пред сè да стимулираат творци да се остваруваат, да го негуваат и творат на македонски јазик.

Сите автори кои во овој рок раководени од динамиката на мислата и својата креативност ќе успеат да ги заокружат своите најнови поетски сочиненија со испраќање на своите збирки на електронската адреса: [email protected], ќе бидат учесници на поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на македонскиот поетски маг Анте Поповски.

Би можело да ве интересира

Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски во Музејот на македонската борба

Донирани 46 лични предмети на големиот македонски поет Анте Поповски во Музејот на на македонската борба за самостојност

А1он

Научен симпозиум „Антево дело“ во рамки на манифестацијата во чест на Анте Поповски

Чествување на македонскиот поет Анте Поповски по повод 90 години од неговото раѓање

Основана академија „Анте Поповски“

Ана Ололовска