Основана академија „Анте Поповски“

Од:

Академија „Анте Поповски“ е основана во рамки на програмските активности на меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, што се одржа во родното село на поетот Лазарополе.

Заложбите на Академијата ќе бидат и во насока на заштита на Библиотеката на Анте Поповски во село Лазарополе и ставање на расположивиот книжниот фонд во поширока функција, но и поставување на спомен плоча на куќата во која живеше и твореше поетот.

На основачкиот состанок беше истакнато дека членовите ќе имаат официјален мандат и обврска во рамките на нормативно – правните акти на Академијата, да се грижат за заштита на ликот и делото на Анте Поповски, преку натамошен растеж и афирмација на меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

Се планира следното издание на манифестацијата да биде збогатено со одржување на работилници за креативно пишување и ликовно творештво во Скопје и Лазарополе, подготовка на аудио и видео материјал со најзначајните акценти од програмата, како и реализација на музичко – сценски и поетско- ликовни содржини.

Зацртано е и продлабочување на соработката со Општина Ѓорче Петров, како и со Месната заедница од село Лазарополе, со цел успешно приведување кон крај на започнатиот зафат за реновирање и разубавување на паркот на поезијата на мијачкиот крај во селото и негово заживување преку организација на поетски читања, како дел од манифестацијата.

Членови на академијата се Жорж и Александар Поповски, новинари, синови на Анте Поповски, проф.д-р Венко Андоновски, проф.д-р Кристина Николовска, д-р Атина Цветаноска, Митко Гогов, писател и концептуален уметник, Славе Ѓорѓо Димоски, писател, Софија Гогова Врчаковска, актер, Виолета Џолева, режисер, проф.д-р Миодраг Врчаковски, Михаил Ренџов, писател, Живко Поповски Цветин, ликовен уметник, Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Томислав Османли, писател и новинар, д-р Марина Мијаковска и Јелена Перинска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска