Конкурсот за „Мобил фестивал“ до 20 ноември

Од:

Конкурсот за учество на 5. Интернационален фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ трае до 20 ноември.

Дотогаш сите заинтересирани ќе можат да испратат филм снимен со мобилен телефон чие времетраење е до 10 минути.

Пристигнатите филмови ќе бидат оценувани од жири комисија и ќе се натпреваруваат за првата награда од жирито за најдобар филм „Лале“ и за наградата за најиновативен филм.

Наградата „Лале“ е посветена на Ратка Илиевска – Лале, жената која животот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше голем број на филмаџии, писатели и уметници.

Условите за пријавување и испраќање на филмови за учество на фестивалот се достапни и на веб страната на Мобил фестивал www.mobilefestival.net.

Филмовите од џуниор, натпреварувачката, регионалната и интернационалната програма и годинава ревијално ќе бидат прикажани низ другите градови во државата.

Петтото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал ќе се одржи oд 27 до 29 ноември во Скопје. Фестивалот е во организација на КТ Филм&Медиа продукција од Битола.

Мобил Фестивал е со меѓународен карактер и единствен фестивал од ваков вид во регионот. Оваа година акцент ќе биде ставен на регионалната соработка. Филмовите од Мобил Фестивал ќе бидат промовирани на светски фестивали како International Mobil Film Festival од Сан Диего, MINA (Mobile Innovation Network Aotearoa) од Нов Зеланд, Hong Kong Mobile Film Festival (HKMFF) од Хонг Конг, Seoul international Extreme-Short Image & Film Festival (SESIFF) од Јужна Кореја, CINEPHONE од Барселона, Шпанија, Teheran Mobile Film and Photo Festival од Иран и други.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје