Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Од:

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и овој декември го распишува Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања, чии автори се членови на асоцијацијата.

– Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и младинци и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се репер за валоризација на годишната книжевна продукција. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2021 година) во посочените категории, соопшти ДПМ.

Примероците треба да се достават во канцеларијата на ДПМ, но поради состојбата со Ковид-19 отааму замолуваат секоја посета да се најави на телефонскиот број назначен на веб-страницата на ДПМ или на мејл-адресата [email protected].

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска