Конкурс за откуп на композиции од класичната музика

Од:

Министерството за култура во дневниот печат и на својата веб-страница www.kultura.gov.mk објави Конкурс за откуп на композиции од областа на класичната музика од домашни автори за 2015 година.

На Конкурсот, кој се распишува еднаш годишно и трае во текот на целата година, македонските композитори може да конкурираат со по една композиција во една категорија, а најмногу со две композиции во еден конкурсен рок, односно со четири композиции годишно. Категоризацијата на композициите во Конкурсот е направена според видот на изведувачкиот апарат на делата, времетраењето и жанрот на делата.

За изборот на делата ќе одлучува стручна комисија, составена од композитори, претставници на СОКОМ и на СМУМ, домашни и странски автори и репродуктивни уметници, која ќе ги разгледува пристигнатите дела.

Министерството за култура соопшти дека приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат квалитетни музички дела од автори од Република Македонија, автентични музички содржини кои ќе придонесат за унапредување на македонската современа музичка култура. По изборот на најдобрите дела, Министерството за култура ќе склучи договор со авторите согласно со кој авторските права за покрупните форми ќе им бидат отстапени на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија, а за камерните состави, авторските права ќе му бидат отстапени на СОКОМ.

Во февруари минатата година Министерството првпат објави Конкурс за откуп на дела од областа на класичната музика и  во двата конкурсни рока  беа поддржани вкупно 42 композиции на 27 автори.

– Овој проект на Министерството за култура, кој наиде на особен интерес кај македонските уметници, има многу придобивки во контекст на поттикнувањето на домашното творештво и афирмацијата на улогата на авторот. Стимулирањето на домашното уметничко творештво е еден од врвните приоритети на Министерството за култура кој се поддржува и се развива во сите дејности од областа на културата. Министерството за култура преку своите програми континуирано обезбедува поддршка за создавање нови дела со кои се збогатува македонската уметничка продукција, информира Министерството за култура. 

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје