Конкурс за 59. Денови на македонска фотографија

Од:

Фотосојузот на Македонија, кој годинава одебележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Денови на македонска фотографија – реномиран и најстар фотографски настан во нашата држава.

Во Конкурсот се наведени пропозициите и темите и е достапна пријавата за учество. На Конкурсот може да учествуваат професионални и фотографи аматери, а како и во изминатите години фокусот е на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

Рокот за прием на фотографии е 15 април 2021 и за нив ќе одлучува жири во состав:  Цветан Гавровски – мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија, Душан Доцевски – кандидат мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија и Мирослав Масин, академски ликовен уметник.

Завршната манифестација се планира да се одржи во Охрид од 29 мај до 1 јуни, согласно со здравствените протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители. Повеќе информации за Конурсот може да се добијат на фејсбук-страницата за Денови на македонска фотографија.

Би можело да ве интересира

Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Ана Ололовска

Фотографијата на Иван Каратанов најдобра на конкурсот на „Транзен“

Ана Ололовска

Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија

Ана Ололовска

Доделени годинaшните награди Жан Моне

Ана Ололовска

Врачување на наградата „Жан Моне“

Ана Ололовска

Предавање на турскиот археолог и фотограф Туна Акчај

Ана Ололовска