„Конекција 2“- изложба на македонски уметници во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Конекција 2”, на која ќе се претстават осум уметници од различни градови во Македонија, поранешни студенти на Националната ликовна академија во Софија.

Станува збор за дела од областа на графиката, сликарството, вајарството и уметничката обработка на метал изработени од Марјан Ѕин од Струмица, Иво Пецов од Виница, Адриана Јованоска од Прилеп, Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Горан Тричковски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје.

Првата изложба од концептот „Конекција 2” се одржа во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2012 година. Во 2014 година се организираа изложби во Велико Трново во галерија „Таралеж” и Благоевград во аулата на Југозападен Универзитет „Неофит Рилски”.

Концепцијата „Конекција 2” во 2015 година ќе продолжи со вклучување и на неколку други познати ликовни уметници, со организација на изложби на 6 март во Русе и во текот на следните месеци во Пловдив и неколку други градови во Бугарија.

Изложбата и ликовните уметници ќе ги претстави Васко Шутаров, директор на КИЦ на Македонија во Софија, а проектот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска