Концертот „Амбасада на мајсторството“ во изведба на руски музичари вечерва во Прилеп

Од:

Вечерва со почеток во 19.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертот „Амбасада на мајсторството“ на кој ќе настапат врвните руски млади музичари Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцeв на саксофон.

Концертот се реализира преку Министерството за култура на Р.Македонија, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Санктпетербуршкиот дом на музиката.

„Многу ми се допаѓа тука, публиката одлично не прими, го посетивме и музичкото училиште во Прилеп каде дел од учениците изведоа неколку музички точки“, истакна Алексеј Мелников, руски музичар.

„Сакам да истакнам дека Македонија многу ми се доапаѓа, сакам да се заблагодарам на организаторите кои се наши домаќини. Посебно сакам да се заблагодарам на Сергеј Лугин за тоа што овозможи да дојдеме тука, како и на „Амбасадата на мајсторството“, рече Владимир Устјанцeв, руски музичар.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио