Концерти на Хели Сиекинен и на „Т.А.О“ бендот вечерва на „Охридско лето“

Од:

Втората вечер во рамки на џез-викендот на „Охридско лето“ предвидува два концерти и тоа на финската уметничка на хармоника и бандеон Хели Сиекинен од 21 часот и на бендот „Т.А.О“ од Данска од 22:30 часот.

Хели Сиекинен е родена во Финска. Започнала да учи хармоника на само тригодишна возраст, а веќе на шест години е прогласена за победник на Финскиот хармоникашки шампионат. Во текот на годините победува на тој натпревар уште пет пати, а учествува на натпревари во Германија, Италија и Данска каде исто така освојува награди. Дипломира во 2004 година, а нејзиниот интерес кон различни музички изрази придонесува кон бројни настапи како во концертните сали, соло или со различни камерни формации, така и во клубови, театри со џез и други состави. Во 2001 година го основа квинтетот „Фуего“ со кој ја изведува музиката на Астор Пјацола и заедно настапуваат на натпреварот кој го носи името на композиторот и освојуваат втора награда. Во 2008 година го издаваат првото ЦД со наслов „Квинетот Фуего го свири Пјацола“, а токму овој вид музика ја инспирира Хели да почне да свири бандонеон.

Сиекинен во Охрид ќе настапува во придружба на камерен оркестар, а ќе изведува свои композиции како и преработки на познати светски дела.

За данскиот бенд „Т.А.О“ во состав Стен Кејд Буге на акустична и електрична гитара, Вилхелм Томсен на акустична и електрична гитара, Пер Вибисков Нилсен на бас и Андерс Педерсен на тапани може да се каже дека се детерминираат од името на самиот состав кое има повеќе значења, но во најчистата форма „ТАО“ означува движење.

Во годината кога бендот прославува 30 години постоење, тие по втор пат се враќаат во Македонија. Претходно во 1998 година во Скопје имаа успешен концерт со кој ја воодушевија публиката. Во нивната долгогодишна кариера, „Т.А.О“ на сцената донесуваат исклучителна музикалност, перфекција, софистицирана интерпретација која е суштинска за нивниот стил кој е спој на оригинална музика со ритамот и мелодиите на нордиските земји.

Данскиот состав на сцената ќе излезе во придружба на гудачки квартет.

За сите концерти во рамки на џез-викендот на „Охридско лето“ е резервирана сцената Долни Сарај. Цената на целовечерен блок билет изнесува 500 денари.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма