Концерт за деца „Магичен глас“ на Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија денеска напладне во Македонската опера и балет ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Детски симфониски концерти“ во новата сезона.

Под наслов „Магичен глас“, концертот ќе донесе возбудлива музика, но и интересна приказна, која ќе ги воведе најмладите во светот на фантазијата. Под диригентство на Ле Фи Фи, заедно со Македонската филхармонија ќе настапи младата афирмирана оперска певица, сопранот Билјана Јосифов, а аниматор и овој пат ќе биде извонредниот актер Мартин Јорданоски.

Во приказната, во која најмладите ќе имаат можност да уживаат во убавата музика на Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Верди, Штраус и Росини, се зборува за сонот на едно младо момче (Мартин Јорданоски) во кој тој има голема желба да стане оперски пејач. Во неговиот сон, од една музичка планета доаѓа убавата и добра Вештерка (Билјана Јосифов), која ќе ги покаже тајните на оперското пеење.

Низ актерска игра, проследена со многу фантазија и хумор, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со магијата на гласот проткаен низ оркестарските звуци.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ