Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска република“

Од:

Третиот ден од манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“ помина во знакот на ликовната уметност, со презентацијата на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески.

Пред споменикот „Македониум“ на Гумење во Крушево се одржаа ликовна изложба и презентација на модни креации, подготвени од студенти од Технолошко-техничкиот факултет, од Катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и од млади од Крушево.

Потоа на т.н. „летна сцена“ во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл“ од Влатко Груевски – тенор, и Андреј Наунов на пијано. Концертот, како и секоја година, е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Во рамки на четвртиот ден од манифестацијата, денеска е програмата на влашката заедница. Програмата, проследена од влашки песни, е вечер, од 20 часот, на летната сцена пред Музејот на НОБ во Крушево на Гумење.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Седумнаесет години без Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“