Десет учесници на семинарот по виолина под водство на Ана и Олег Кондратенко вечер ќе одржат концерт во Музеј на Град Скопје во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
Тие ќе изведат дела од Вивалди, Шостакович, Крајслер, Бах, Глишиќ, Моцарт, Барток, Бетовен и Прокофјев.
Oд 2009 година Музичка младина на Македонија во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина под раководство на познатите педагози и концернтни музичари Ана и Олег Кондратенко. Мајсторската виолинистичка школа до пред две години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје.
Семинарите завршуваат со концерти на кои настапуваат млади музичари, кои се на почеток на своето музичко образование, но и веќе оформени виолинисти кои го завршуваат школувањето и ја презентираат македонската култура во Македонија и во странство.
На редовната програма „Летно кино“ во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан филмот „Концерт“ на режисерот Раду Михаилеану, снимен во 2009 година.