Националниот македонски ансамбл „Танец“ гостуваше во Виена по повод 20- годишнината од основањето на МПЦ „Св. Наум Охридски“ и Македонското културно друштво.
На концерот, кој е прво претставување на „Танец“ во Виена, присуствуваа амбасадори, почесни конзули, црковни великодостојници и пратеници од австрискиот Парламент.
Јапонскиот амбасадорот, Шигео Иватани по концертот посочи дека ова мора да го види и Токио.
– Јапонските танци се вообичаено тажни, а кај вас има и тага, но и радост, шеги и веселост, рече тој.
Покрај концертот, по повод јубилејот организирана беше и манифестација во просториите на Македонската култура заедница, на која присутните ги поздрави македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов, а за настанокот на Друштвото говореше Димче Лазовски, претседател на МКЗ и МПЦ.
Пред почетокот на манифестацијата се оддржа свечена литургија на која чиноначалствуваше г Пимен, митрополит на Европската епархија, кој даде висока оценка за развојот на МПЦ „Св. Наум Охридски“.